Dublin Core

Наслов

Скопски фудбалски незаборав

Предметна одредница

Стојан Богоевски - Гајда (24.05.1916-29.11.1991)
прв тренер од Македонија кој работел во Турција
стандарден халф во СК „Македонија“

Опис

Дали некој од најстарите жители во Скопје се сеќава на првиот фудбалски меч под рефлектори ,одигран во далечната 1946 година, поточно на 20 јуни на денешното игралиште на Работнички во Градскиот парк. Сигурно дека многумина читатели на „Екипа“ ќе се запрашаат, дали е тоа можно, зарем во Скопје постоел стадион на кој имало рефлектори за ноќни натпревари.
Таа година беше одржано и првото фудбалско првенство на Македонија, со само шест екипи: Победа, Работнички и Македонија од Скопје, Гоце Делчев, денешна Победа од Прилеп, Пелистер од Битола и 11 Октомври од Куманово. Се играло двокружно, секој со секого, прв шампион на Македонија во таа тогашна Македонска прва лига станала скопска Победа.
И тогаш потекна иницијатива да се одигра ноќен натпревар под рефлектори, желбата беше голема, интересот за фудбалот по завршувањето на Втората светска војна и првото одржано првенство на Македонија уште поголем.
Според малку податоци што ги пронајдовме, мечот е одигран, како што веќе напишавме на 20 јуни 1946 година на денешното игралиште на Работнички меѓу скопските клубови Македонија и Работнички. Македонија победила со 1:0.
На самото игралиште, покрај аут линијата, од една и од другата страна биле поставени 14 рефлектори, донесени од Македонскиот народен театар, кој беше урнат во катастрофалниот земјотрес 1963 година, но кој по педесетте години беше повторно изграден. Бандерите за нивното монгтирање, ги постави Градското претпријатие на Пошта, Телеграф и Телефон а за електричните работи беше задолжено /ФЕП/, Федерално електрично претпријатие.Јасно, се ова беше бесплатно.
Сведок и актер на тој прв ноќен натпревар во Скопје по втората светска војна беше играчот на Македонија, подоцна и на Вардар Саво Цветковиќ, за кој неодамна пишувавме, кој беше стрелец на првите голови за Вардар. Иако има 96 години, Цветковиќ е се уште во добра ментална и физичка кондиција.
-Имаше доста гледачи околу игралиштето, иако рефлекторите беа доста силни, на одделни делови од теренот, топката не се гледаше најјасно.Пред мечот беше обоена со бела боја, но и тоа не помагаше многу. Беше навистина интересно, незаборавен натпревар, за кој долго се раскажуваше бидејќи во тоа време да се игра под рефлектори, како денес на секој стадион, беше вистинска атракција. Цветковиќ не се сеќава кој го постигнал голот за Македонија, тоа не е забележано ниту во „Нова Македонија“ освен информацијата за резултатот и други технички податоци околу поставувањето на рефлекторите од театарот и бандерите.
Македонија играла во состав: Драган Геров, Славко Димитровски, Васко Кокиновски- Макара, Цветан Давидовски-Голчо, Ацо Иваноски-Чапаев, Борис Кимовски, Христо Георгиевски, Благоја Петровски-Бала, Стојан Богоевски-Гајда, Гота Сезаир и Саво Цветковиќ.

(превземено од Скопски фудбалски незаборави 1903-1993 од Ивко Панговски)

Јазик

македонски

Покриеност

Фотографии превземени од приватната колекција на семејството Богоевски.

Колекција:

Фотографии


Тагови


Цитирање

“Скопски фудбалски незаборав,” Дигитална библиотека "Браќа Миладиновци", Пристапено 28 септември 2023 г., https://digitalna.gbsk.mk/items/show/304.

Излазен формат